159 сантиметри висина и бујни облини: Папарацо фотографиите покажуваат како реално изгледа Ким Кардашијан

Без оглед на тоа што често е на мета на критики, Ким Кардашијан сепак секогаш предизвикува интрига и интересирање каде и да се појави.

Навикнавме да ја гледаме во разголени изданија на социјалната мрежа Инстаграм, но исто така неретко се појавуваат папарацо фотографии во јавноста.

Неодамна таа била „уловена“ на плажа на Карибите, додека снимала нова кампања за својот бренд на долна облека и костими за капење „SKIMS“, а во таа прилика позирала во заводливи пози во необично бикини кое сама го дизајнирала.

Реалити ѕвездата своите бујни облини ги покажала во минијатурниот долен дел од бикинито кое се протега до половината, со што дополнително ја истакнала својата фигура на песочен часовник.

Инаку, луѓето често шпекулираат дека специфичната фигура на оваа Кардашијанка е резултат на фотошоп, но овие папарацо фотографии дефинитивно докажуваат дека и во реалноста таа изгледа идентично.

Погледнете ги фотографиите:

25.01.2022 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега