17-годишник од Скопје заврши во затвор
Денеска во Скопје полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишен малолетник од Скопје поради основано сомнение за сторени пет кривични дела “тешка кражба” на територија на Скопје.
СВР Скопје против малолетникот поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје по член 236 од КЗ, а судија од Основен кривичен суд му определи мерка притвор од 30 дена, по што е спроведен во КПУ Затвор Скопје.
28.05.2025 - 19:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа