20-годишник од Желино заврши во Полициска станица поради нелегална сеча на дрва

20-годишник заврши во полициска станица откако бил фатен како превезува огревни дрва без документи.

-Вчера околу 15.40 часот во тетовска Долна Лешница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ш.(20) од с.Желино, тетовско, кој со џип „чироки“ без регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. Тој бил задржан во Полициското одделение Групчин, а возилото и дрвата со потврда му биле одземени и ќе бидат предадени на Шумска полиција за натамошна постапка, велат од МВР.

 По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа