27-годишник со мотор излетал кај Крива Паланка – итно пренесен во болница

27-годишен моторциклист е тешко повреден откако вчера излетал со својот мотор од патот во близина на Крива Паланка.

-На 11.04.2021 во 13.00 часот на пат во с.Градец, на место викано „Мизовски ливади“, во непосредна близина на Стара база во Крива Паланка, мотоцикл „хонда“, без регистарски ознаки, управуван од Т.И.(27) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на патот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни поврди, констатирани во Здравствен дом Куманово, појаснуваат од полицијата.

 За незгодата бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициска станица Крива Паланка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега