30 експерти ќе го „бистрат“ законот за јавно обвинителство

На јавната расправа која утре ќе се одржи за законот за јавно обвинителство ќе учествуваат 30 експерти.

Покрај главниот државен обвинител, Љубомир Јовески, претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Рускоска, на дебатата ќе учсетвуваат и професорите Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева, Беса Арифи, потоа поранешните специјални, а сега јавни обвинители, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Ленче Ристовска, академик Владо Камбовски, потоа поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев, обвинителите Сашо Рајчев, Ислам Абази и Мери Тромбева, професорите Слаѓана Тасева и Александар Даштевски, професорката Гордана Сиљановска, потоа професорите Ѓорги Сламков и Стефан Буџаковски, како и професорот Саво Климовски, адвокатите Еленко Миланов и Сашо Дуковски, новинарот Горан Лефков, Уранија Пировска  од Хелсиншки комитет, обвинителите Кристина Каранакова и Тодор Витларов, адвокатката Ружица Николовска, како и адвокатите Звонко Богдан и Џоко Диков, јавува Фактор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега