30.000 вработени ќе останат без приходи: Угостителите бараат итна финансиска помош

 

Околу 30.000 работници ќе останат без приходи поради затворањето на угостителските објекти, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Комората бара итна финансиска помош за овој сектор, откако претходно Владата донесе одлука за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки во борбата против вирусот Ковид-19.

– Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, велат од Комора.

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку Фејсбук порача дека мерките за угостителите ќе продолжат и во наредниот период, но без да прецизира како нови мерки за помош и во колкава вредност ќе добијат угостителски објекти.

-Министерството за економија во континуитет работи за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор со цел за полесно справување со негативните ефекти од пандемијата. Поддршката ќе продолжи и во наредниот период. Министерството за економија ќе продолжи да креира мерки за поддршка на секторот. Најважно од сѐ во овој момент е здравјето на граѓаните, вели Бектеши. 

Министерството за економија како надлежна институција за развој на туристичко угостителскиот сектор во Република...

Posted by Kreshnik Bekteshi on Monday, 5 April 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2021 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа