35 % од казнетите возачи во Скопје санкционирање за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, седум санкции за возење без возачка дозвола и десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас и осум санкции за непрописно паркирани возила, се вели во соопштението до МВР.

Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега