46 општини одат во вториот круг: Која партија каде води во првиот круг? (ФОТО)

46 општини од вкупно 80 ќе одат во втор круг на гласање на претстојните локални избори кој треба да се одржи за две недели, односно на 31 октомври.

Во најголем дел од нив, 16 ВМРО-ДПМНЕ водеше пред останатите кандидати. Во 15 општини предност издвои владејачката СДСМ.

Трета на оваа листа е ДУИ, чии кандидати за градоначалници се во водство во седум општини. Алијанса води во три општини, меѓу кои е и Гостивар, град кој важи за бастион на партијата и каде Арбен Таравари вчера прогласи убедлива победа.

Во четири општини предност имаат четворица независни кандидати за градоначалници, меѓу кои е и Данела Арсовска која е во предност пред актуелниот градоначалник на главниот град Петре Шилегов. Данела Арсовка е поддржана од опозициската коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијаса и Алтернатива.

ДПА, пак, првиот круг го заврши со предност во Студеничани.

Погледнете која политичка партија во која општина издвои водство во првиот круг.

 

18.10.2021 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа