88 возачи возеле пребрзо на автопатите Скопје - Тетово и Тетово - Гостивар (ВИДЕО)

МВР денеска во Тетово продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот, со цел ставање ред на патиштата и улиците во државата. При контролите на територија на Тетово, на автопатиштата Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар во текот на вчерашниот ден има изречено 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното.

-Засилените контроли продолжуваат и денес и во текот на наредните денови и евидентно е дека во времетраењето на овие засилени контроли имаме намалување на сообраќајните незгоди. Во ноември 2020 споредено со претходниот ноември имаме намалување на сообраќајните незгоди за 21 отсто, а во декември 2020 споредено со претходниот декември имаме намалување дури за 23 отсто на сообраќајните незгоди, истакна Тони Ангеловски, портпарол и помошник минситер за односи со јавноста при МВР.

Тој повторно со апел до граѓаните на Тетово и Гостивар, но и сите во државата. Истакна дека ќе се постапи по сите снимки на социјалните мрежи за брзо возење и ќе има  санкции.

-Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин да придонесеме за безбедноста на улиците и патиштата. Особено да внимаваме на брзината затоа што брзината е еден од клучните фактори кои влиајаат за сообраќајни незгоди со тешки последици. Постојано ги санкционираме сите прекршоци и овие за снимања при брзо возење. Токму затоа сме присутни на автопатиштата и ги санкционираме овие прекршоци и за сите кои ќе го прекршат законот следи соодветна казна, истакна Ангеловски.

Денешната акција е различна по ниво на акција во споредба со онаа од октомври и декември во Тетовско и Гостиварско.

-Тогаш насочени на градот Тетово, сега повеќе насочени на автопатиштата. Тогаш санкции за нерегигистрирани возила, исто така без возачка дозвола додека сега мерките за возење повеќе од дозволеното. Сега насочени кон оваа мерка, еден клучен проблем за сообраќајки со тешки последици и сме насочени кон отворените патишта. Правиме анализи и соодветно на нив таму каде што имаме голем број сообраќајни незгоди реагираме со цел тоа да се покрие, порача Ангеловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега