А1он: Ахмети ќе биде кандидат за претседател на Македонија - сакал да се трка со Таравари

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде кандидат за претседател на Македонија, пренесува порталот А1он, повикувајќи се на извори од партијата.

Според нашите извори, информацијата дека ќе се најде на листата на кандидати за шеф на државата Ахмети ја кажал пред неколкумина од раководството на партијата.

Ахмети претходно размислувал дали воопшто да има кандидат од неговата партија или повторно да го поддржат кандидатот предложен од СДСМ, но откако претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари и официјално потврди дека ќе влезе во трка за претседател, одлучил самиот тој да биде кандидат од ДУИ.

15.02.2024 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега