АА: Ја поздравуваме подготвеноста на премиерот да се разговара за дефинирање на албанскиот јазик со Устав

 

 Ја поздравуваме подготвеноста на премиерот да седне и да разговара за отстранување на 20 отсто и да се дефинира албанскиот јазик со Устав, еднаш засекогаш, како албански јазик, истакнуваат преку соопштение од Алијансата за Албанците коментирајќи ја изјавата на Димитар Ковачевски дека за уставните измени политичките партии треба да седнат на маса и да разговараат за да може да се дојде до прифатливо решение.

– Ги предупредуваме сите политички актери дека кога се отвора темата за 20 отсто, нивниот пристап е погрешен, застарен и со трговска логика. Затоа, ве повикуваме да го промените овој пристап! Уставот треба да ги одразува вредностите кон кои сме ориентирани како држава и општество. Секој мора да разбере дека тој не е монарх, туку шеф на политички субјект и дека политичките, социјалните и етничките права на граѓаните им припаѓаат само на граѓаните, а не на монархот кој едно право го условува со друго право. Албанскиот јазик во Уставот на Северна Македонија го има правото од минатото како автохтон јазик во овие земји, денешно право како јазик што го зборува најмалку 1/3 од вкупниот број на населението. Концептот на Уставот треба да биде прозападен што им дава слобода на граѓаните, а не на болшевиците коишто им ја ограничуваат слободата, велат од Алијансата за Албанците.

За ова прашање, како што се посочува во соопштението, прво мора да се разговара меѓу албанскиот политички фактор за да се изгради единствен став, без потреба да се натпреваруваме меѓу себе.

– Додека за форматот на разговорите поврзани со ова прашање и други грижи надвор од албанскиот политичкиот фактор, сметаме дека ова прашање добива сериозност кога на маса ќе седнат четирите најголеми политички субјекти во државата, се наведува во партиското соопштение.

25.10.2022 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега