АА: Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни

Алијанса за Албанците му го честита повторниот избор на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а на партијата за успешниот Конгрес, како важен чекор во понатамошната консолидација на партиските структури и понудата на опозицијата.

-Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни. Денешната опозиција ја очекува многу работа за подобрување на условите на животот на граѓаните, а посебно во борбата со криминалот и корупцијата, економскиот развој и еднаквоста на граѓаните без никакви поделби, како основни предуслови за материјализирање на европската перспектива на земјата, пишува во честитката на Алијанса за Албанците до Мицкоски. 
13.12.2021 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега