Ацески: По 32 години на ВМРО-ДПМНЕ им текна дека Делчев е најголемиот херој
Позитивно сум изненаден од ставот на ВМРО-ДПМНЕ и би им честитал што им требаа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и 32 години од формирањето на нивната партија да им текне дека Гоце Делчев е еден од најголемите македонски синови“ кажа пратеникот од СДСМ, Костадин Ацески во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека конечно ВМРО-ДПМНЕ осозна дека Гоце Делчев е еден од плејадата македонски дејци и синови за разлика од Тодор Алексаандров, Ќосети и слични ликови кои ги промовираше и идеализираше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период.
„Во своето досегашно дејствување ВМРО-ДПМНЕ не носеше маички со Гоце Делчев – носеа со Тодор Александров и Ќосето“ кажа Ацески.
Тој додаде дека според него и Ѓорче Петров е еден од најголемите македонски синови, но ВМРО-ДПМНЕ го промовираше и идеализираше човекот кој бил нарачател на неговото убиство.е еден од најголемите македонски синови
„Позитивно сум изненаден од ставот на ВМРО-ДПМНЕ и би им честитал што им требаа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и 32 години од формирањето на нивната партија да им текне дека Гоце Делчев е еден од најголемите македонски синови“ кажа пратеникот од СДСМ, Костадин Ацески во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа