Ацевски: Инвестициите во енергетиката спречија драстичен раст на цената на струјата

Во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Ширум светот расте цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството, објасни денеска Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Според него, најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција, која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто.

Објасни дека со навремена интервенција Владата предводена од СДСМ кај нас успеала да спречи енормен раст на цената на електричната енергија.

Тоа, како што рече се должи на навремено актвирање на сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори.

„Обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока. Во план е месецов да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со тоа, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство, без да има каков било увоз на струја во месец јануари. Владата предводена од СДСМ потпиша договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката. Меѓу нив е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип. Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата“, напомена тој.

Додаде дека Владата и институциите ја следат состојбата во енергетскиот сектор и се подготвени да се справат со сите предизвици кои ќе следат во наредниот период.

03.01.2022 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега