Адеми: Ја покачивме платата на просветните работници, ова е историски момент

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми на денешната прес конференција истакна дека платата на просветните работници ќе се покачи од јануари следната година.

- „Оваа средба создаде историски момент. Одлучивме да ги покачиме платите за 10 отсто од 1 јануари, 2020 година. Ова важи за сите вработени во основно, средно и високо образование. Со оваа одлука се враќа дигнитетот на наставничката професија. Јас сум горд. Интензивно се преговараше, се консултиравме и во следниот период ќе продолжиме со подобрување на статусот на сите вработени во образованието“, изјави тој денеска.

Претходно, СОНк го стави штрајкот во мирување додека се донесе одлуката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега