Адеми: Учебникот по социологија со сексистичка содржина ќе биде корегиран до јуни

Министерот за образование Арбр Адеми во изјава за ТВ21 рече дека книгата по социологија за втора година од средното образование, во која се дискриминираат и се навредуваат жените, ќе биде корегирана до крајот на учебната година.

За време на неговото гостување во емисијата „Клик плус“, министерот истакна дека знае за грешките и откри дека ревидирањето за овој учебник веќе започнало.

Тој додаде дека ќе ги извести сите училишта и наставници по предметите во средно образование за грешките или пропустите во учебниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега