Адријана Алачки славеше роденден сама во карантин – откри колку години наполни

Македонската водителка и пејачка Адријана Алачки изминатиот викенд славеше роденден, но таа го прослави сама поради тридневниот карантин.

За Женски магазин таа вели дека овој е бил еден од најзабавните родендени.

„Внуката, ќерка ми и зетот не можеа да ми дојдат на гости. А како да дојдат, бевме во карантин. Син ми беше заминат во викендица. Затоа, овој роденден го поминав сосема сама.  Внука ми Јана ми испеа роденденска песна и ми подари торта, но еден ден пред да започне карантинот. Со син ми се видовме на вибер“ вели Алачки.

Таа опиша како изгледал нејзиниот роденденски ден.

„Имав илјадници повици од целиот свет. Телефонот не престана да ѕвони цел ден. Сите судии од „Гастромак“ од сите кониненти ми се јавија. Од Москва пријателите ми снимија специјално видео, од Маурициус коктели ми правеа. Не можете да замислите колку ми беше забавно“, сподели Адријана за женски магазин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа