Адвокатите „ќе ја вадат“ Катица на незаконско обезбедените докази

Незаконито обезбедени докази се клучниот елемент кој го спорат адвокатите на Катица Јанева во обвинението кое Вилма Рускоска го поднесе за „Рекет“, пишува Алсат.

Забелешките на одбраната се веќе готови и ќе бидат доставени до судот денеска или утре за потоа да се ценат фактите наведени во документот. Паралелно Кривичниот суд на адреса на Обвинителството за организиран криминал ја достави на увид гаранцијата на Катица Јанева од три стана, кои ги нуди во замена – затворскиот да ù се замени со куќен притвор.

Вилма Рускоска за сега не открива дали ќе даде позитивно мислење и ќе ù овозможи Јанева после точно два месеца да излезе од зад решетки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега