Адвокатите тврдат: Загрозен е животот на Боки 13 (ВИДЕО)

Бранител на Бојан Јовановски Боки – 13, адвокатот Сашко Дукоски денеска на прес-конференција побара неговиот клинет итно да биде хоспитализиран и да биде лекуван, поради сериозни здравствени проблеми, јавува Сител.

Според Дукоски, Боки 13 има проблеми со желудникот, констатирана е целосна нефункционалност на левиот бубрег, за што цитираше и медицински документи, а антибиотската терапијата што му била препишана не му била овозможена.

– Клиниките во Скопје предлагаат и бараат хоспитализација бидејќи не може да се спроведе третманот на овој пациент во Затворот Скопје, меѓутоа тоа не се дозволува од затворскиот лекар. Се поставува прашањето дали за секого и за сите граѓани важи Уставот на Република Македонија и член 8, член 9 и член 11. Како се тоа еднакви кога не може да му се пружи медицинска заштита. Не бараме милост, но заслужува еднаква нега. Не бараме таа нега да биде извршена во некаква приватна клиника, туку во универзитетските клиники и болницата „8-ми Септември“. Право на здравствена заштита што следува на секој пациент во државата, изјави Дукоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега