Адвокатот на Јасна Мандиќ: Куќниот притвор е бинго за нас

На Јасна Мандиќ, осомничена во новата истрага поврзана со случајот „Рекет“ судот вечерва и определил мерка домашен притвор, соопшти нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ. Тој изјави дека притворот е по сите основи, најмногу поради можноста за бегство, осомничена е за измама и перење пари.

-Како што гледате судот објективно заклучи дека не се исполнети условите за ефективен притвор и куќен притвор е бинго во овие услови“, рече адвокатот и додаде дека нема да го обжалат ова решение, додаде Јанковиќ.

Покрај тоа што е заменик-претседател на невладината организација, осомничената е и директорка на „1ТВ“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега