Адвокатот на Нефи Усеини: Делото за кое се товари мојот клиент не е во доменот на тешки кривични дела

Во  случајот што се води пред Основниот суд Охрид, во кој кој обвинетите Нефи и Ибраим Усеини се товарат за кривично дело „насилство“, констатирана е полесна физичка повреда кај оштетениот, која не се класифицира во потежок вид на кривично дело, кажаДимитрија Цобоски, адвокатот на Нефи Усеини,  откако судот го одложи за денеска закажаното прво рочиште од предметот кој се води против него и неговиот брат Ибраим Усеини за инцидентот што се случи на 18 август во кој физички беше нападнат охриѓанецот Спиро Топалоски, пренесува ohridnews.mk

Во случајот станува збор за кривично дело, кое сепак претставува еден вид на загрозување на нечија сигурност, предизвикување страв, нерасположение во јавноста, меѓутоа не е во доменот на тешки кривични дела каде што може да имаме последица тешка телесна повреда или крнајно смртна последица – вели адвокатот Цобоски.

Минималната казна за ваквото кривично дело е 6 месеци а максималната до 5 години. Што точно се случило ќе се утврдува во текот на доказната постапка, додава адвокатот Цобоски.

Главниот претрес во судскиот процес против браќата Усеини е презакажан за 26 октомври.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега