Адвокатот на Тони Трајковски поднесе кривична пријава за претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев

Адвокатот на Тони Трајковски, Јовица Страшевски, денеска поднел кривична пријава до претседаетлот на Кривичниот суд Иван Џолев, пишува Република.

Кривичната пријава е поднесена по три основи:

злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст. 5 од КЗ

неосновано работење во службата по чл. 353 ст. 2 од КЗ

непријавување подготвување кривично дело чл. 363 ст. 1 од КЗ

Во пријавата Џолев се товари за давање налог и распоредување на поротничката откако ѝ бил истечен мандатот. Кривичната пријава на адвокатот Страшевски е поднесена за натамошно постапување до Министерството за внатрешни работи и од Републичкно јавно обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега