Адвокатскиот тим на Боки 13: Не знаевме дека има снимки, првпат ги видовме во медиумите

Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 за „А1он“ вели досега немале можност да го бранат својот клиент пред судот. Тие тврдат дека Боки 13 воопшто не бил распрашуван кога му била определена мерката притвор ниту, пак, им биле посочени докази против него.

„Тој воопшто не е распрашуван. Нема покана за да даде исказ, ниту ни се посочени докази. Тој немаше можност да се брани, а нам не ни се покажани снимки ниту, пак, во решението за притвор пишува дека ги има“, вели адвокатскиот тим на Боки 13.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега