АЕК: Македонецот на мобилен во просек зборува по 3,5 часа месечно

Агенцијата за електронски комуникации пресметала дека Македонците секој месец во зборување на мобилен телефон поминуваат во просек по 3,5 часа и уште половина час на фиксен. Според последната анализа на АЕК, во првите 3 месеци од годинава македонските граѓани на мобилен телефон разговарале вкупно 1,33 милијарди минути што значи дека во просек, секој од регистрираните нешто под 1,9 милиони активни броеви на мобилен поминал 702 минути или 11,7 часа. Ваквата анализа покажува дека корисниците секој ден во зборување на мобилен телефон поминуваат по 7 минути. Се разбира тука не е пресметано времето кое на телефон го поминуваме во скролање по социјалните мрежи и сурфање по интернет сајтовите. 

Како и да е, јас сум далеку над овој просек. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа