Агенти на ФБИ спречиле терористички напад врз болница каде се лечат заразени од Ковид-19

Маж е осомничен дека планирал да нападне болница во која се лечат заболени од коронавирусот во американската држава Мисури, а убиен е во размена на оган со полицијата.

Како што јавува Би-Би-Си, судирот се случил кога агенти се обиделе да го уапсат 36-годишниот маж во градот Белтон, како дел од домашна истрага за тероризам, соошти Федералното истражно биро (ФБИ).

Претставниците рекле дека мажот бил мотивиран од расистички и антивладини убедувања. Тој, наводно разгледувал повеќе мети, но се одлучил за болница поради моменталната епидемија.

-Осомничениот, кого властите го идентификуваат како Тимотиј Вилсон со месеци бил под надзор, при што е утврдено дека е „потенцијално насилен екстремист“ кој искажувал расна и верска омраза, се вели во соопштението од ФБИ.

Вилсон претходно размислувал да нападне училиште со голем број афроамерикански ученици, џамија или синагога. Тој се одлучил метата да биде неидентефикувана болница откако властите во Белтон, кој се наоѓа близу Канзас Сити, им наложиле на граѓаните да останат дома во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според американското Министерство за здравство во Мисури, од средата во таа држава потврдени се 456 случаи со ковид-19.

Осум луѓе досега умреа. Ширум САД има повеќе од 1.000 смртни случаи, а заразени се над 70.000 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега