Ахмети: 2020 беше успешна за ДУИ, го превзедовме „забранетото јаболко“ МНР

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето синоќешно гостување во емисијата на ТВ Клан ја оцени 2020 како успешна година за неговата партија.

- 2020 година на политичкиот план можам да ја прогласам за успешна година. Постигнавме големи цели што ги имавме во последната деценија, како во однос на правичната застапеност во повисоките државни институции, така и во правилното организирање на државните институции, така што слободно можам да кажам дека остваривме значителни успеси, т.е. за Албанците. Министерството за надворешни работи беше забрането јаболко, го презедовме Министерството за финансии, го имаме првиот вицепремиер, ја реализиравме и обезбедивме позицијата премиер како главни стратешки и политички цели на Албанците во Република Северна Македонија,кажа Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега