Ахмети: Австрија е голем пријател на С. Македонија

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денес се сретнал со амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас, при што разговарале за европската перспектива на нашата земја, истакнувајќи го големото значење на новата динамика на преговорите меѓу Скопје и Софија за изнаоѓање заедничка точка до финализирање на еден конечен договор и добивање на датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

Ахмети истотака му се заблагодарил на амбасадорот Вуцас за пријателската поддршка што австриската држава и ја дава на нашата земја на сите можни области, како стратешко-економски партнери укажувајќи дека билатералните односи меѓу Скопје и Виена треба да се продлабочат и дополнително да се унапредуваат.

-Во овие витални процеси за прогресивната иднина на земјата и регионот дефинитивно имаме голема поддршка од пријателите од Австрија, соопштија од ДУИ.

06.05.2022 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега