Ахмети денеска ќе го открие големото изненадување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 19-годишнината од основањето на партијата, за денеска напладне најави обраќање до граѓаните.

Од ДУИ најавија дека Ахмети преку социјалните мрежи ќе пренесе порака упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на Македонија.

„Нешто убаво доаѓа“ и „Нешто големо доаѓа“ беа пораките кои деновиве ДУИ ги прати преку билборди и преку зелените маички што некои од нивните министри ги носеа. И лидерот на партијата Али Ахмети при посетата на Липково најави нешто ново.

05.06.2021 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега