Ахмети: ДУИ е родена од УЧК и крвта на мачениците, без нас институциите не би биле стабилни

 

 

ДУИ е нападната од сите страни, рече претседателот на партијата, Али Ахмети на настан во Чаир по повод изборот на новиот состав на чаирскиот огранок.

Ахмети порача дека ДУИ е клучот за функционирањето на државата, и не се урива така лесно бидејќи ДУИ е родена од УЧК и крвта на мачениците, а не во телевизиски студија.

Рече дека додека биле во коалиција ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги напаѓала, а тоа се случувало оти биле и сега се клучната партија без којашто институциите не би биле стабилни.

Рече дека никогаш не пораснале и не се хранеле со туѓа пот, туку со потта на сопственото чело.

По средбата, Ахмети на Фејсбук се заблагодари за масовниот прием од членовите на ДУИ во Чаир.

„Заедно поминавме две децении успешни активности со исполнети витални мисии за еднаквост и подобар и квалитетен живот. Мило ми е што сме подготвени да продолжиме да пишуваме нови поглавја од европската иднина. На новиот состав на огранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир предводен од неговиот претседател, Беким Незири, му посакувам успех во нивната мисија да бидат во ефикасна услуга на граѓаните на Чаир“, напиша Ахмети.

07.07.2023 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега