Ахмети: Има крадци, дајте да ги фатиме

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва од студиото на ТВ21 побара отворање на национален фронт кон корупцијата и криминалот.

„Има корупција, има крадци. Дајте да ги фатиме. Кој е тој функционер кој злоупотребува. Не велам дека нема но ајде, нека отвориме национален фронт. Луѓето што се занимаваат со лоши работи знаете ли само колку заеднички јазици наоѓаат. Тие се прават мултиетнички. Бугари, Албанци, Македонци. Сите прогресивни сили не можат да постигнат една спогодба. Нека се бориме против корупција, против криминалот, против лошото, дај да ги пријавиме. Има милионери, станале милионери како станале такви? Кој биле вчера а кои се денес. Не сум против ова. Почни со мене…“, изјави Ахмети во Клик Плус на ТВ21.

06.06.2022 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега