Ахмети - Ќучук: Датум за преговори што е можно поскоро

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес го пречека бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.

Европратеникот Ќучук му изразил сочувство на претседателот Ахмети во врска со трагичната несреќа во Бугарија, притоа потенцирајќи дека властите во Софија во  sоработка со оние во Скопје се ангажирани за целосно расчистување на случајот.

Претседателот Ахмети изрази благодарност за брзата и многу ефикасна реакција на бугарските власти.

„Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Ахмети и Ќучук, со посебен акцент постигнувањето на
договор што е можно поскоро и надминувањето на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност, исто како и решавањето на прашањата за кои се разговараше во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија“, се вели во известувањето на надлежните.

Во овој случај, лидерот на ДУИ изразил честитки за одржаните избори во Бугарија и изборниот резултат, надевајќи се на што поскоро формирање на институциите.

Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата, регионот, но истотака и повеќе да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните, изјавија на средбата претседателот Ахмети и бугарскиот европратеник.

Двајцата соговорници разговараа и за можноста за одредување датум за првата Меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.

26.11.2021 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега