Ахмети на средба со Хулман: Усвојувањето на уставните измени неопходна потреба

 

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман.

На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и за швајцарската помош на нашата земја.

Ахмети ја информирал амбасадорката Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.

Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјата нема друга алтернатива, освен членството во големото европско семејство.

Ахмети изразил благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што ѝ ја нуди на нашата земја преку разните програми, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, но и демократизацијата на процесите во државата.

10.10.2023 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега