Ахмети нема намера да го смени Османи од Министерство за надворешни работи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема намера да го промени списокот на министри предложени за новиот владин кабинет, објави „Независен весник“.

Како што пренесе агенцијата ИНА, Артан Груби ќе биде министер за политички систем, додека Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, а со цврста поддршка зад нив стои Ахмети.

Денеска ќе се организира последната средба со групата пратеници и членовите на претседателството кои изразија спротивставување на кандидатурите, предводени од Изет Меџити. Без оглед што таа не е почната се уште, најавено е дека Ахмети ќе даде зелено светло за испраќање на предлозите за министрите до Собранието, за да од утре почне процедурата за  гласањето за новата влада на коалицијата со СДСМ и другите партии.

Демократската унија за интеграција во новата влада ќе предводи 6 министерства:

Министерство за финансии – Фатмир Бесими

Министерство за надворешни работи – Бујар Османи

Министерство за политички систем и прв вицепремиер, Артан Груби

Министерство за економија – Крешник Бектеши

Министерство за екологија – Насер Нуредини

Министерство за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега