Ахмети со честитка за Косово: Сите заедно работевме за слободно Косово

Лидерот на Албанците на Северна Македонија, испрати честитка до сите Албанци по повод 11 години од независноста на Косово. 

"11-та годишнина на независноста од Република Косово ја наоѓа најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста.

Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово.

Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес посакува да го види ова наше заедно достигнување, Косово, членка на ООН, НАТО и ЕУ, со развиено добрососедство и во благосостојба", напиша Ахмети во неговата честитка на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега