Ајкула почнала да им го „грицка“ моторот од бродот: Ја спуштиле камерата во вода и забележале неверојатна сцена

Браќата Ли и Адам Фергусон од Перт тргнале едно утро на риболов на островот Карнак, кога на пола пат се сретнале со голема бела ајкула.

Ајкулата го пресретнала нивниот брод додека пловеле во близина на крајбрежјето на западна Австралија. Опасниот предатор не се исплашил од бродот, туку сакал да го нападне, дополнително испровоциран од крвта од риба фрлена со цел да се привлече плен за ловење.

„Адам забележа нешто и рече: 'Види, голема риба', а јас му одговорив дека тоа не е голема риба туку морско куче'“, раскажал Ли, пренесува „Daily Mail“.

Тогаш следувала непријатната сцена со ајкулата долга четири метри. Прво 15-на минути кружела околу бродот, а потоа тргнала да го 'грицка' моторот.

Тогаш Ли направил нешто неверојатно - ја ставил камерата под вода за да ја сними сцената.

„Беше непријатно но не се чувствувавме како да сме во опасност“, рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега