Акција на полицијата: Запленети над 200 метри кубни бесправно исечени дрва

Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани денеска околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани.

 

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Кочани“, информираат од МВР.

Полицијата, исто така, денеска на Осоговските планини на место викано Бабини градини затекнати се четири лица од Виница како вршат бесправна сеча на огревно дрво бука.

01.10.2022 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега