Акција на штипската полиција: Пронајдена дрога при претрес на два имоти, едно лице приведено
Штипската полиција вчера го лишила од слобода А.С.(34) од Штип бидејќи при претрес во неговиот дом, но и во семејната куќа во село Дудлица, Македонска Каменица, била пронајдена дрога.
Како што информира денеска МВР, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во село Дулица, општина Македонска Каменица.
При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа