„Ако не си моја, нема да бидеш ничија“ - убиство ја потресе Србија

Во Бор денеска се случи трагедија во која животот го изгуби В.В. кога во неа со повеќе куршуми пукаше нејзиниот невенчан сопруг, а како што наведуваат нивни познаници несогласувањата меѓу нив почнале кога таа ја прекинала нивната емотивна врска.

Според досегашните сознанија, жената починала на лице место пред фризерскиот салон чиј сопственик била самата таа.

Тој денеска дошол во нејзиниот салон да бара таа да му се врати, но таа го одбила.

-Жената избега од локалот, но Ж.П. ја стигна и потоа пукаше кон нејзината глава - рекле сведоци за Курир.рс

Наводно тој ѝ рекол дека нема да дозволи да биде со никој, ако не енегова. Потоа отишол до автомобилот и се вратил со оружје.После тоа пукал и избегал, но со брзата интервенција на полицијата бил уапсен.Неговите познаници велат дека знаеле дека има пиштол, бидејќи бил вработен во Војската на Србија.

24.09.2021 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега