Ако сакате да го искористите тоалетот во Холандија, мора да покажете ковид-пропусница

Во Холандија жителите се соочуваат со една интересна ситуација. Имено, гостите во баровите немаат обврска да покажат ковид-пропусница за седење на терасите, но ќе мора да покажат доколку сакаат да го искористат тоалетот.

Новите ковид-олабавувања се вметнати од скоро во оваа земја, како што е укинување на држење физичко растојание.

„Ако сакате да користите тоалет, ќе мора да го покажете својот код“, соопшти министерството и потсети дека QR код кој потврдува дека лицето е вакцинирано, е задолжителен за граѓаните постари од 13 години.

Премиерот на Холандија, Марк Руте не се согласува со оваа идеја, потенцирајќи дека не треба да се прави исклучок за посетителите на баровите кои седат на терасите од угостителските објекти.

21.09.2021 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега