Актерката од „Истанбулската невеста“ била во врска со сопругот на Карлеуша

Актерката Асли Енвер има 34 години и моментално е една од најпопуларните турски актерки на сите времиња. Таа е родена во Лондон, Англија и таму живеела се до нејзината дванаесетта година.

Асли дипломира на Универзитетот „Халич“ во Истанбул. Во нејзината намера да се оствари во улога на актерка, многу и помогнала нејзината мајка.

Токму улогата во популарната серија „Истанбулска невеста” која моментално ја гледаме на нашата телевизија Сител и ги отвори вратите за бројни улоги понатаму.

Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдат турските медиуми.

Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“.

Запрашана за наводната афера, глумицата демантирала дека била во врска со Душко и рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.

„Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.

Асли во моментот е во врска со музичарот Мурат Бозу. По многу мислење, се одлучи да му даде втора шанса. Тие двајца се запознаа на снимањето на турскиот филм „Мој брат“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега