Актерката постојано е во друштво на 20 години помлади момчиња: Тоа го правам за да ве нервирам

Актерката Кејл Бекинсејл одговори на критичарите кои и упатуваат коментари дека постојано излегува со мажи кои се толку помлади од неа, што можат да и бидат деца.

Романсата меѓу 46-годишната актерка и нејзиниот нов љубовник Гудиј Грејс е во фокусот на јавноста уште од април оваа година.

Грејс неодамна го прослави својот 23 роденден.

-Зошто продолжуваш да излегуваш со момчиња кои можат да ти бидат деца, напиша еден следбеник на нејзината објава на Инстаграм.

-Секоја врска која сум имала досега е за да ве нервирам, кратко одговори Бекинсејл.

Ѕвездата на филмот „Underworld“ претходно имаше краткотрајна афера со Пит Дејвидсон, кој тогаш имаше 25 години. Минатата година кратко се гледаше и со 24-годишниот Мет Риф.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега