Активно жариште на Жељувино – Дренак во Старо Нагоричане

 И денеска е активно жариштето на потегот од Жељувино – Дренак, општина Старо Нагоричане, информираше денеска командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски. Зафатена е нискостеблеста шума и трева.
 

– Екипите и вчера работеа на овој потег и денеска ќе работат на ова жариште кое се наоѓа на непристапен терен, високо планинско место, изјави Трајковски.

Според информациите на противпожарната единица Старо Нагоричане, една екипа дежура на пожарот во Челопек, каде вчера избувна пожар во два наврати. Првиот пат во пладневните часови и беа зафатени поранешни воени бараки и вториот пат куќи, објекти, добиток, стрништа. На оваа локација сè уште има тлеење.

Од МВР велат дека нивна екипа е на терен и со информации ќе излезат во текот на денот.

05.08.2021 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега