Албанија: Одложено воспoставувањето на јавниот превоз поради зголемениот број на заболени со Ковид-19

Техничкиот комитет на експерти на Албанија соопшти дека се пролонгира планираното отпочнување со работа на јавниот превоз во понеделник, поради трендот на зголемување на новозаразени со Ковид-19.

Техничкиот комитет со кој раководи професор доктор Мира Ракацоли, одлуката ја донесе по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба, што е оценета како стабилна, но за поголема сигурност, оваа најавена мерка се одлага, бидејќи е оценето дека претставува „активност со висок ризик”.

– Како што знаете, изминатата недела имаме зголемување на бројот на заразени лица во земјата и за да ја анализира епидемиолошката состојба, се состана Техничкиот комитет на експерти. Наша проценка е дека ова зголемување на бројот е резултат на намалената будност, невниманието и непочитувањето на правилата за физичко растојание при секојдневните активности. Затоа одлучивме за да нема чекори назад во стратегијата за отворање, за поголема сигурност, во актуелните услови да го одложиме почетокот на работата на јавниот превоз, како сектор од голем ризик, изјави епидемиологот Ракацоли.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега