Албански државјанин тешко повреден во Грчец- итно пренесен во болница

Државјанин на Албанија се здобил со тешки повреди при изведба на градежни работи во село Грчец, по што итно бил префрлен во болница.

- На 26.04.2021 во 11.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 10.30 часот во с.Градец, во куќа во израдба, при изведување градежни работи, Ч.Н.(63) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега