Албанско семејство го тужи Бајден: Поради него не добивме виза

Претседателот на САД Џо Бајден го тужи албанското семејство Мисљими, кое тврди дека иако е избрано за американска „виза за разновидност“ нивното барање сè уште не е разгледано, пишува Репортери.

Тужбата е поднесена против Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, амбасадорката на САД во Тирана Јури Ким и директорот на конзуларните работи Морган Мајлс.

Семејството Мисљими тврди дека во јуни 2020 било избрано за добивање американска виза, но дека нивното барање за добивање виза не било разгледано, прво поради пандемијата, а дека подоцна центарот кој одлучува за секој случај го разгледал и нивниот но не ги ставил на листата на приоритети.

Албанското семејство тврди дека американските сојузни функционери не ги почитувале административните процедури и дека бара од судот да му нареди на американскиот Стејт департмент да го разгледа поднесувањето на барањето и добивање на визата.

 

18.10.2021 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега