Александар и Викторија од Русија се отруле со кисели краставички - нивните деца 3 дена седеле со лешевите

Девојче и нејзиниот брат биле пронајдени во стан три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставици.

Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, не можеле да ги добијат неколку дена на нивните телефони. Имено, тие го пропуштиле семејното собирање и после неколку повици на телефон се јавила нивната 5-годишна ќерка.

Девојчето рекло дека мајката и таткото заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека таткото променил боја. Таа цело време се грижела за братот кој има една година.

Наталија, сестрата на Александар, рекла за руските медиуми дека веднаш после повикот дола во нивниот стан.

„Кога ги видов, паднав и почнав да врескам“, рекла Наталија.

После доаѓањето на Брзата помош и полицијата установено било дека причина за смртта е труење.

Александар и Викторија неколку дека пред несреќниот настан добиле од неговата баба домашни кисели краставици. Постои сомнение дека ботулинум токсин од краставиците бил причина за смртта. Тој предизвикува парализа и во најлоши случаи откажување на органите за дишење.

Соседот Микаил Комченко рекол за полицијата дека алкохотот не бил причина за труење, бидејќи парот не конзумирал алкохол.

За нивните деца старателството ќе го преземе таткото на Александар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа