Алексовски два пати се сретнал со Заев: Му реков да не го злоупотребува моето име за „Монструм”

Синиша Алексовски, поранешниот совтник во Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов чие име беше споменувано во случајот „Монструм” се сретнал со поранешниот премиер Зоран Заев кој тврдеше дека  има снимки за овој случај, пренесува „Фокус“.

 

На средбите Алексовски побарал од Заев да не го злоупотребува неговото име и да не го поврзува со овој случај. Поранешниот советник пред судот тврдеше дека токму Заев на средби со семејствата на жртвите тврдел дека телефонот на Алексовски бил најден кај езерото и дека автомобилот “опел омега” кој бил користен за убиството бил користен од единицата Алфи, чиј командант до 2009 беше Алексовски.

-Со премиерот Заев имав две средби за случајот “Монструм”. Последната во Кабинетот на Иванов и  втората во Кабинетот на Заев. Првата средба беше на мое барање, втората на негово барање. На средбата беше соочен со извештаите кои ги имавме и баравме објаснување за гласините. Негираше дека мене лично ме спомнал, рече дека до него доаѓале многу информации. Побарав од него да прекине да го злоупотебува моето име и одговори потврдно, рече Алексовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега