Алијанса гласа: Да се биде или не дел од Влада

Партијата Алијанса за Албанците денеска гласа преку онлајн прашалник, да се биде или не дел од Владата на РСМ, информираат од партијата.

„Со одлука на Претседателството на партијата денеска се одржа референдум во сите ограноци на кој членовите на огранските собранија, по консултации со подогранокот и членовите одговорија дали се за или против влез во Владата.

Референдумот беше спроведен преку онлајн прашалник, а резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и на јавноста преку конференција за медиуми“, стои во партиското соопштение испратено до медиумите.

09.02.2023 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега