Алијанса и Алтернатива бараат одговорност за бројот на починатите од ковид

Владата и Министерството за здравство продолжуваат да се однесуваат несовесно во справувањето со пандемијата, а тоа резултира со голем број смртни случаи, смета Коалицијата „Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Во дописот кој го испратија до јавноста се вели дека и покрај значителното намалување на бројот на заразени, бројот на смртни случаи останува голем.

-За споредба, додека во Северна Македонија во текот на април просечниот број на заразени бил 728 на ден, во Косово бил 472, а во Албанија овој број бил 189 заразени на ден. А кога се споредуваа стапката на смртност, додека во Македонија во април просекот бил 37 смртни случаи на ден, во Косово тој број бил 13, а во Албанија имало 5 смртни случаи на ден, велат од коалицијата.

Според ААА бројките покажуваат дека вируленцијата на вирусот е значително намалена, што, како што велат, е добра вест и како второ дека Владата е небрежна кон пациентите со ковид-19, што, заклучуваат, е лоша вест. Друго објаснување, како Македонија повторно останува со толкава стапка на заразени и, особено, на смртни случаи, нема.

Од Алтернатива и Алијансата бараат некој да понесе одговорност.

-Во нормални околности, овие бројки значат не само оставка на министерот за здравство, туку и на премиерот, но знаејќи дека оваа влада не го познава поимот одговорност, се подразбира дека дури и овие бројки не се загрижувачки за нив, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега