Алијанса на Села: Таравари со ВМРО-ДПМНЕ ги враќа Албанците 25 години назад

Недвосмислено ги осудуваме изјавите првично промовирани од ВМРО-ДПМНЕ, а сега веќе пласитани од Арбен Таравари за „граѓански“ Устав и бришењето на етничките заедници од Уставот, соопшти Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села..

„Овој предлог нè враќа 25 години наназад, ги брише Албанците со сите права гарантирани со Уставот, ги укинува Охридскиот договор, уставните измени за еднаквост на Албанците, Законот за употреба на јазиците, Бадентеровиот механизам, правичната и соодветна застапеност и многу други права стекнати во последните две децении.

Со овие изјави Таравари сака со државата да го направи тоа што не му успеа со Алијансата за Албанците кога предложи партијата да се преименува во Алијанса за граѓаните.

Во уставните измени од 2018 година беше услов на Алијансата за Албанците да се отстрани терминот „граѓани кои живеат“ бидејќи со тоа Албанците станаа привремени жители, но за жал денеска слушаме предлог за враќање на овој термин токму од нашиот поранешен сопартијец.

Го повикуваме уште еднаш да се откаже од опасните сценарија на Мицкоски и ВМРО и да не допира во правата на Албанците заради остварување лични цели во кариерата“, се вели во соопштението.

23.03.2024 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега